За нас  
     
  Капацитети  
     
  За Природата  
     
  Контакт  
     
  none  
     
     
 
 English
 
 

 

Добродојдовте!

на официјалниот вебсајт на Хотел Неда - Галичник

 

Хотел Неда се наоѓа на надморска висина од 1420 m, во самата прегратка на небото и земјата, во еден занослив предел со бајковита убавина - на падините на планината Бистра, во селото Галичник. Изграден е 1980 во традиционален македонски стил. Магијата на природата и фантастичната архитектура, во совршена вплотеност се вистински предизвик и за очите, и за духот. Значи, во хотелот се добредојдени сите љубители на селскиот туризам, на планинарењето, на пешачењето, на планинскиот велосипедизам...

Селото Галичник буди интерес кај светските ентузијасти како со својот автентичен изглед...

 

...исто така и со природата во која се наоѓа, чистиот воздух, поволната клима. 

 


Во Галичник ќе наидете на старата негувана традиција, на македонскиот фолклор, на многубројни приказни и легенди... како и на одличното галичко сирење. Галичани од дамнешни времиња се познати по производство на овој продукт.

 
 
Природата околу ова село е дом на стада диви коњи, кои совршено се вклопуваат во грандиозноста на овој крај!

 
 
Како ретко кое друго планинско село, Галичник е привлечен и за младите кои тука наоѓаат вистински извор на животна енергија, но и рекреација, меѓусебно дружење, забава...
Се вели дека секој вистински Галичанец го посетува Галичник барем еднаш годишно.
 

 

Социјалниот и културниот живот е многу развиен. Светски познатата Галичка Свадба претставува огромна атракција и е секоја година се повеке посетувана од луѓе од различни краишта. Исто така, мошне значаен настан е и Галичката Ликовна Колонија, која секоја година се одржува токму во нашиот Хотел.

Оној кој го посетил е веќе дел од галичката бајка....останатите - ВЕ ЧЕКАМЕ!

 

 Повеќе информации за Галичник и тукашната култура - на вебсајтот за Галичник.

 

 

 

 

горе